Мобилното банкарство на НЛБ Банка сега достапно и на HUAWEI AppGallery

Објавено на 21.12.2020 во Новости



Мобилното банкарство на НЛБ Банка сега достапно и на HUAWEI AppGallery

НЛБ Банка ги овозможи НЛБ мКлик - мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик - мобилното банкарство за правни лица на платформата AppGallery, за корисниците на новите модели на Huawei мобилни телефони 

Достапноста на апликациите за мобилно банкарство за физички и правни лица на платформата Huawei AppGallery е од големо значење бидејќи обезбедува поголема достапност на дигиталните сервиси и можност истите да ги користат сите клиенти на банката.

 

НЛБ мКлик мобилното банкарство за физички лица и НЛБ мПроклик мобилното банкарство за правни лица имаат модерен и интуитивен дизајн и овозможувaат едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. Преку овие две апликации за мобилно банкарство, клиентите можат да ги реализираат сите банкарски трансакции брзо и лесно само со еден клик. Воедно, НЛБ мКлик апликацијата ја нуди можноста  за аплицирање за НЛБ мКлик кредит, како и on-line отворање на трансакциска сметка директно преку мобилен телефон.

НЛБ мКлик за физички лица е достапна на линкот.  

Апликацијата НЛБ мПроклик за правни лица е достапна на линкот. 

Официјалната платформа за преземање апликации на HUAWEI, AppGallery, е во топ 3 продавници за апликации на глобално ниво. Дистрибуирана во над 170 земји и региони, со над 500 милиони активни корисници месечно. На локално ниво, HUAWEI AppGallery брзо се збогатува со најкорисните и најомилените апликации на македонските корисници, вклучително и апликациите на НЛБ Банка.