После 400 години конечно Сатурн и Јупитер најблизу еден до друг

Објавено на 21.12.2020 во Новости



После 400 години конечно Сатурн и Јупитер најблизу еден до друг

Денес, на 21 декември, за време на зимската краткоденица, ќе бидете сведоци на она што никој не го видел во последните 400 години. Јупитер и Сатурн вечерва се во позиција најблизу една до друга.

Порамнувањето на траекториите на двете планети е многу ретка појава, која за последен пат била видена од Земјата на ноќното небо во 1623 година. Приближувањето на двете планети една кон друга трае уште од летово. Вечерва двете планети ќе изгледаат како една двојна планета. Следната можност за оваа астрономска појава е во 2080 година, а потоа во 2400 година.

Автор: Aleksandar Stankov