Откриен е опасен пропуст на iPhone, со кој се шпионираат новинарите

Објавено на 21.12.2020 во iOs



Откриен е опасен пропуст на iPhone, со кој се шпионираат новинарите

iPhone-от на Џеф Безос е хакиран, откако саудискиот принц Мохамед бин Салман примил видео преку WhatsApp. Со текот на времето дознавме и за уште неколку безбедносни пропусти на Apple телефоните, коишто се користат за хакирање и напади.

Жртвите на хакирањето биле и вработени на Al Jazeera - наводно се работи за 37 лица што работеле како новинари, водители, продуценти или биле директори на компанијата. Хакерите наводно се поврзани со Саудиска Арабија, кои го злоупотребиле безбедносниот пропуст во iMessage, кој е поправен со последната верзија на iOS 14.