Меѓународната вселенска станица соочена со најтешката закана досега

Објавено на 21.12.2020 во Новости



Меѓународната вселенска станица соочена со најтешката закана досега

Дел од меѓународната вселенска станица може целосно да биде запечатен поради проблеми со испуштање на кислород и пукнатина која не може доволно брзо да се открие и поправи.

Станува збор за рускиот модул Ѕвезда кој е стар повеќе децении, што предизвикува космонаутите да снемаубаат брзо на располагање кислород, а следната тура ја очекуваат во февруари со достава преку товарна сонда.

Руската вселенска агенција "Роскосмос" и нејзиниот прв човек Димитриј Рогозин велат сега не се загрозени животите на космонаутите. Ако во меѓувреме ситуацијата стане сериозна, американската НАСА би можела да испрати беспилотно летало со кислород.

Затворањето на овој дел од МВС драстично ќе ја ограничи работата на засега единствената вселенска лабораторија во која постојано се прават експерименти и истражување од страна на двајца руски космонаути, четворица американски астронаути и еден јапонски.