Samsung Galaxy S10 Lite ја доби надградбата со OneUI 3.0

Објавено на 22.12.2020 во Новости



Samsung Galaxy S10 Lite ја доби надградбата со OneUI 3.0

Samsung Mobileја започна големата надградба за квалитетниот смартфон од високата класа Samsung Galaxy S10 Lite со најновата верзија на корисничкиот интерфејс OneUI 3.0 базиран на новата верзија на оперативниот систем Android 11.

Надградбата за Samsung Galaxy S10 Lite тежи 2 GB пазарот претходно проверете дали имате доволно мемориски простор. 

Во надградбата се вклучени повеќе новитети во елементите на интерфејсот и многу нови функции во менијата, прилагодување на Dark Mode и Always on режимите на работа, новитети во приказот на нотификации и брзи одговори на пораки, како и зголемена безбедност на корисниците.