Ворен Бафет жали што не се сетил да започне бизнис како што е Airbnb

Објавено на 22.12.2020 во Новости



Ворен Бафет жали што не се сетил да започне бизнис како што е Airbnb

Идејата за Airbnb во суштина е многу едноставна, преку апликација се поврзуваат луѓе што нудат сместување со цели куќи и станови или само лица, со личности што бараат такво сместување. Таквата едноставна идеја денес тежи речиси 100 милијарди долари, колку што изнесува пазарната вредност на Airbnb после излегувањето на берзата, а се прогнозира и дека понатаму ќе расте.

Нјпознатиот инвеститор и еден од најбогатите луѓе на светот, Ворен Бафет, жали што не се сетил на оваа идеја. Ворен Бафет е импресиониран од шефот на Airbnb, за кој вели дека е толку страствен во тоа што го прави, што би го правел тоа и да не заработува ниту цент за него. Уште поголема пофалба за Airbnb е што за време на редовното годишно собирање на инвеститорите во Беркшир, им препорачува вложување во Airbnb.