Apple стартува со производство на автономно возило од 2024 со иновативна батерија

Објавено на 22.12.2020 во Новости



Apple стартува со производство на автономно возило од 2024 со иновативна батерија

Ројтерс објави дека плановите на Apple се да започне со масовно производство на самостојни возила до 2024 година. Возилото ќе биде со специјална батерија и технологија. Apple работи на овој проект уште откако го вработи поранешниот работник од Tesla Inc, Даг Филд.

Даг работи за Apple на Project Titan и отпуштил 190 работници од тимот на Apple минатата година. Анонимен избор тврди дека Apple има посебен дизајн на батеријата, којашто ќе овозможи автомобилот да има поголем опсег, при што радикално е намален трошокот за набавка на компонентите. Батеријата ќе биде со дизајн со „моноќелии“, според кој се зголемуваат ќелиите во батеријата. 

Автомобилот се очекува да го има LiDAR сензорот што го имаат 2020 iPhone 12 Pro, iPhone 12 Pro Max, и iPad Pro, со цел да се подобри AR технологијата и да се подобри автофокусот во мрачни услови. LiDAR сензорите ќе и овозможат на колата да креира 3-димензионален преглед на патиштата. 





Прочитајте повеќе: