iPhone 12 е најпродаван 5G смартфон во октомври

Објавено на 23.12.2020 во Новости



iPhone 12 е најпродаван 5G смартфон во октомври

Apple ја претстави iPhone 12 серијата на 13 октомври, првата серија со 5G. Се разбира, месец октомври 12-та беше најпродаван смартфон во светот, иако Apple задоцни со 5G во споредба со сите брендови.

Counterpoint Research го објавил својот извештај, утврдено е дека iPhone 12 е најпродаван 5G смартфон во октомври месец. Се разбира, корисниците во еуфорија го купувале повеќе новиот iPhone. iPhone 12 е со 16% учество на пазарот во октомври, а iPhone 12 Pro е со 8%. Samsung Galaxy Note 20 Ultra е со учество од 4%, а Huawei Nova 7 5G, смартфон од средната класа, е на 4 место. Се разбира, овие проценти ќе се сменат со сигурност на годишно ниво, кога ќе излезат официјалните цифри со продажба по брендови.