Недостаток на чипови за лаптопи и смартфони поради коронавирусот

Објавено на 23.12.2020 во Новости



Недостаток на чипови за лаптопи и смартфони поради коронавирусот

Сите производители на електронски уреди и автомобили предвидуваат недостаток на чипови на глобално ниво. Се разбира, тоа го одолговлекува производството, што многу ги чини технолошките компании.

Јапонската фабрика за чипови имаше пожар, многу погони се затворија во Југоисточна Азија со цел спречување на ширење на COVID-19 и имаше штрајк во Франција. Сите тие фактори многу влијаат врз снабдувањето со чипови. 

Аналитичарите сметаат дека најголем проблем е недоволното вложување во фабрики за 8-инчен чип, кои се главно во сопственост на азиски компании, а не го следеа константно растот на побарувачката за 5G смартфони, лаптопи и автомобили.