А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата

Објавено на 23.12.2020 во Новости



А1 Game Fest 2020 и оваа година ги надмина очекувањата

A1 Македонија, организаторот на А1 Game Fest 2020, најголемиот е-спорт и гејминг настан во земјава, во соработка со GG.MK и оваа година понуди вистинска забава за сите гејмери, трет пат по ред, на фестивалот кој ги надмина очекувањата на учесниците и публиката.

На годинашното онлајн издание, учесниците се натпреваруваа во 4 игри - Tekken 7, FIFA21, League of Legends и Fortnite и косплеј натпревар. Возбудливите финални натпревари завршија со победи на тимот Reborn eSport во League of Legends, тимот RageQuitters во Fortnite, Игор Тодоровски во FIFA21, Симеон Двојаков – Spades во Tekken 7, и Сара Трајкоска со маската Pyramid head од Silent Hill во Косплеј натпреварот.

Финалето се одржа во специјално адаптиран простор според сите препорачани протоколи и стандарди за COVID-19 со што беа обезбедени максимални услови за заштита и превенција на учесниците. 

Натпреварите се одвиваа преку гигабитни линкови обезбедени од страна на А1 Македонија. Оптичкиот интернет покажа супериорен квалитет и стабилност со брзина од скоро 1 гига, неопходен за ултимативно гејмерско искуство.

Натпреварите беа проследени со коментатори за секоја игра посебно, стримани во живо на сервисот на GG.МК, a пренесени преку оптичката мрежа на А1 Македонија. Преносот во живо понуди забава за над 15 илјади гледачи и го прави A1 Game Fest 2020 најпосетениот фест до сега, но и еден од најпосетуваните стримови во земјата. 

Покрај награден фонд за победниците, и најсреќните од онлајн публиката добија бројни гејминг уреди. 

А1 Македонија останува посветена на најновите трендови на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата и на е-спорт и гејминг заедницата во земјата која незапирливо расте. А1 Game Fest останува на мапата на активности на компанијата во знак на негување на оваа култура, нејзина поддршка и унапредување.