Маск сакал да ја продаде Tesla на Apple, но Кук не се ни состанал

Објавено на 23.12.2020 во Новости



Маск сакал да ја продаде Tesla на Apple, но Кук не се ни состанал

Илон Маск открива дека за малку ќе кренел лаце од неговиот бренд за електрични автомобили Tesla со планови да го продаде на гигантот Apple.

Маск открива дека во периодот на развој на Model 3 компанијата имала тежок финасиски предизвик да го поднесе целиот товар и се уште рана доза на доверба од инвеститорите, сосема спротивно сега кога акциите на компанијата растат вртоглаво, а проценетата вредност на Tesla е над 600 милијарди американски долари. 

Во 2017 година Тим Кук главниот извршен директор на Apple одбил состанок со Маск на кој би се разговарало за откупување на Tesla, најверојатно за сума која би изнесувала само една десетина од денешната вредност на предводникот на електрични и паметни автомобили.

Маск исто така ги коментираше и техничките спецификации кои наводно ги користи Apple за сопствената батерија која ќе биде инсталирана во нивните паметни возила и го откри овој куриозитет.





Прочитајте повеќе: