Кучиња роботи ќе го освојуваат Марс за НАСА

Објавено на 23.12.2020 во Новости



Кучиња роботи ќе го освојуваат Марс за НАСА

Американската вселенска агенција НАСА планира при следните мисии на Црвената планета да користи и роботи кучиња, особено за внатрешните тунели и пештери под површината, задача која тешко може да ја постигнат сегашните ровери и истражувачки возила.

За таа цел НАСА заедно со Универзитетот за технологија од Калифорнија работат на прилагодување на роботот Spot развиен од страна на Boston Dynamics компанија во сопственост на Google во соработка со агенцијата за истражување ДАРПА на Пентагон. 

Предноста на овие роботи е што сами учат како да ги надминат препреките на нивниот пат, имаат издржлива конструкција, може да се превртат и пак да се исправат на „нозе“, а исто така може да носат повеќе сензори за автономни операции истовремено.