Zoom порачува корисниците безгрижно да прослават Нова Година со стабилна конекција

Објавено на 24.12.2020 во Новости



Zoom порачува корисниците безгрижно да прослават Нова Година со стабилна конекција

Zoom им порача на корисниците дека може безгрижно да се поврзат со нивните најблиски за време на новогодишните празници и без оглед на зголемениот обем на сообраќај за Божиќ и Нова Година ќе има стабилна конекција.

Ковид-19 го смени нашиот стил на живот, начин на работа и прославите во 2020. Како и се, така и празниците не изгледаат веќе исто, пишува во блогот на оваа компанија.

Од компанијата Zoom, со седиште во Сан Хозе, наведуваат дека нема да има никакви проблеми за оние кои ќе сакаат да се видат на далечина, да ја користат нивната апликација.

– Кој било празник да е во прашање, поврзувањето на луѓето низ светот нема да биде тешко. Функционираме на глобално ниво, имаме центри на податоци низ светот, даваме значајна контрола и флексибилност кога станува збор давање аудио и видео услуги. Работиме со клауд провајдери од различни земји за да ги исполниме барањата на нашите корисници, соопштуваат од Zoom. 

Zoom за една година додека трае пандемијата стана најпопуларна апликација за видео повици со 300 милиони корисници.