Корејски научници смислиле како сам да се поправи скршениот екран

Објавено на 25.12.2020 во Новости



Корејски научници смислиле како сам да се поправи скршениот екран

Тимот од експерти од Јужна Кореја објавија дека откриле решение за проблемот што ги мачи милиони луѓе од цел свет, пукнатиот екран на телефоните. Експертите од корејскиот Институт за наука и технологија од Универзитетот Јонсеи, развиле полимер што моќе да се вгради во LCD екраните вградени во самите смартфони, кој е способен сам да се залечи, односно да ја поправи пукнатината.

Супстанца од ленено масло е искористена, која под UV светлина може да се врати во првобитната состојба во рок од 20 минути, односно на собна температура во рок од 12 часа. Полимерот содржи микрокапсули со ленено масло во комбинација со силикон.