До кога Chrome ќе ја "цица" RAM меморијата?

Објавено на 25.12.2020 во Новости



До кога Chrome ќе ја "цица" RAM меморијата?

Chrome е убедливо најупотребуваниот интернет прелистувач и нуди одлична синхронизација на сите сервиси на Google со еден кориснички налог, но затоа пак и премногу "цица" RAM меморија што може да предизвика забавување на работата на Windows компјутерите.

Google неколку пати правеше поголеми прилагодувања на работата на Chrome и сега со десетина активни табови со веб страни може да стигне до искористеност од 1 до 2 GB RAM.

Овој процент и натаму е многу висок бидејќи значително го попречува мултитаскингот и опцијата работа со повеќе апликации истовремено.

Сега Google и Microsoft работат на заеднички проект за оптимизирање на Chrome и првите резултати се очекуваат во текот на 2021 година.