Netflix има додаток за да пресмета колку часови сте гледале филмови во 2020

Објавено на 26.12.2020 во Новости



Netflix има додаток за да пресмета колку часови сте гледале филмови во 2020

Netflix има додаток за Google Chrome, кој може да ви пресмета колку часови вкупно сте поминале во гледање на филмови во цела 2020 година. Ова е една од најуспешните години досега за Netflix, со оглед на тоа што COVID-19 ги натера луѓето да седат претежно дома.

На онлајн продавницата на Google Chrome треба да го најдете додатокот Netflix Wrapped, а потоа да кликнете Add to Chrome. Кога ќе го преземете и инсталирате приклучокот, отворете го вашиот профил на Netflix на нов таб, и потоа кликнете на приклучокот, па Start и ќе треба да почекате додека да се сумираат сите ваши податоци за да се прикажат во табела.