Видео со новиот ноќен режим на предводникот Xiaomi Mi 11
Објавено на 26.12.2020 во Новости
Веќе на ситно броиме додека да стигне Xiaomi Mi 11 серијата до 28 декември. Се повеќе се откриваат спецификациите на новиот предводник, а сега излезе информација дека ќе има добар видео ноќен режим.
Видеото објавено на Weibo демонстрира музичка кутија во мрак, на коешто може да се види дека ги потенцира неговите силни страни. Видеото е наводно снимано со најновиот Mi 11. Под хауба единаеската ќе биде со 12GB RAM меморија и MIUI 12 кориснички интерфејс, како и Android 11.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.