Јапонија до 2030 година ги исфрла сите бензински возила

Објавено на 26.12.2020 во Новости



Јапонија до 2030 година ги исфрла сите бензински возила

Јапонија планира да ги исфрли од употреба сите возила со бензински мотор до 2030 година. Владата ја објави информацијата со цел да постигне јаглеродна неутралност и да обезбеди „зелен“ раст вреден 2 милијарди долари годишно до 2050 година.

Со цел да ја забрза продажбата на електрични возила, јапонската влада планира да обезбеди намалување на цената на акумулатори за над 50% до 2030 година. Ќе понуди даночно олеснување и други облици на финансиска поддршка за компаниите за зелена технологија. 

Автор: Aleksandar Stankov