Deepfake видео со божиќна честитка од Кралицата Елизабета
Објавено на 27.12.2020 во Новости

Британската телевизија Канал 4 објави видео со дигиталниот двојник на Кралицата Елизабета, кое било направено со „deepfake“ технологија. Канал 4 го објавува ова видео со цел да демонстрира дека во јавноста има голем број на лажни вести со коишто сме преплавени од сите страни во овие дигитални времиња.
Бакингемската палата се уште нема никаков одговор за ова видео со deepfake технологија. Со неа се овозможува лажирање на гласот, кој во оваа прилика е позајмен од актерката Дебра Стивенсон, која претходно годинава го толкуваше нејзиниот лик во куклена претстава.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.