Samsung би можел да лансира 5G смартфон од $200 во 2021

Објавено на 27.12.2020 во Новости



Samsung би можел да лансира 5G смартфон од $200 во 2021

Јужнокорејската компанија планира да го лансира Samsung Galaxy A22 5G во втората половина од 2021 година, што значи дека ќе има и 5G-уред за ниска цена - 180$. Joint Development Manufacturer (JDM) ќе биде задолжен за производство на овој модел. 

Galaxy A32 5G се очекува да пристигне пред Galaxy A22 5G, кој пак ќе биде наследник на сегашниот LTE-Galaxy A21. Во првата половина од 2021 година, компанијата планира да го лансира Galaxy A32 5G(200$). Според Стив Хемерстофер, Galaxy A32 5G ќе биде со 6.5-инчен висок дисплеј со засек во V-форма за селфи камерата. Најверојатно копчето за вклучување/исклучување на телефонот ќе биде со интегриран сензор за отпечатоци.