Основачот на Zoom во стоте најмоќни луѓе на планетата

Објавено на 28.12.2020 во Новости



Основачот на Zoom во стоте најмоќни луѓе на планетата

Ерик Хуан, основачот на популарната апликација Zoom во најновото рангирање е сместен во групата на сто најмоќни луѓе на планетата благодарение на успехот на неговиот сервис.

Личното богатство на Јуан сега изнесува околу 17 милијарди долари, додека пак компанијата која ја предводи има проценета пазарна вредност од над 35 милијарди долари. Се очекува вредноста на акциите на Zoom на њујоршката берза и натаму да растат односно над 600 долари за акција.

Јуан ја формираше Zoom во 2014 година како алтернатива на Skype и стигна до бројка од 10 милиони корисници. Сепак, сервисот за бесплатни видео повици и конференции експлодираше за време на пандемијата со КОВИД-19.

За една година Zoom веќе надмина 300 милиони корисници, а Јуан точно претпостави дека ќе има зголемена побарувачка за ваков вид на сервис па навремено ги засили капацитети за да одговори на потребите на корисниците.