ЕУ со 2.4 милијарди евра ќе развива паметни села

Објавено на 28.12.2020 во Новости



ЕУ со 2.4 милијарди евра ќе развива паметни села

Европската Унија преку нова стратегија за развој на "паметни" села ќе го придвижи руралниот развој и намалување на миграциските процеси. Проектот се дискутираше во Хрватска у повеќе земји членки ќе ја започнат пилот имплементацијата.

Развојот на паметни села вклучува автоматизација и роботизација на земјоделството, премин во циркуларна економија, дигитализација, како што е воведување на широкопојасен интернет во селата и употреба на обновлива енергија, со цел селата да бидат попривлечни за живеење и да се запре депопулација на рурлните подрачја во ЕУ.

На ниво на ЕУ, за таа намена треба да се издвојат околу 2,4 милијарди евра.

Одлуката на Европскиот парламент според која членките на Европската унија се должни да издвојат најмалку 5 проценти од средствата од Европскиот фонд за регионален развој за „паметни села” е донесена во 2019 година, а ќе се спроведе во 2021 година.

Говорејќи на интернет конференција за развој на „паметни села” организирана од канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска европратеникот Томислав Сокол рече дека „целта на овој концепт е целосно да го смени начинот на кој гледаме на инвестициите во руралните области”.

Автор: Aleksandar Stankov