Samsung прв пат по десет години ќе оди под 300 милиони испорачани смартфони

Објавено на 28.12.2020 во Новости



Samsung прв пат по десет години ќе оди под 300 милиони испорачани смартфони

Samsung годинава најверојатно ќе ја заврши со помалку од 300 милиони испорачани смартфони што ќе биде за прв пат по речиси 10 години, практично откако излезе премиум серијата Samsung Galaxy S.

Главната причина за намалениот број на испорачани смартфони се должи на неизвесноста и економската криза предизвикана од КОВИД-19 пандемијата и намалениот интерес на корисниците за едногодишно обновување на нивните премиум модели со најновото парче опрема.

Проценките се дека продажбата на Samsung Galaxy премиум модели ќе се движи над 50 милиони уреди.