MIUI 12.5 е новиот подобрен кориснички интерфејс на Xiaomi

Објавено на 29.12.2020 во Новости



MIUI 12.5 е новиот подобрен кориснички интерфејс на Xiaomi

Xiaomi го претстави новиот модел Xiaomi Mi 11 и најновиот кориснички интерфејс MIUI 12.5. Овде имаме подобрена приватност, оптимизација за управување со апликации, известувањата и поврзување со Windows.

MIUI 12.5 се одликува со подобар дизајн и естетика, а back-end развојот вклучуваше преработка на главната структура, при што MIUI 12.5 има 20% помалку меморија и троши 25% помалку батерија во текот на работата.