Adobe Flash Player официјално заминува во историјата од 2021

Објавено на 29.12.2020 во Новости



Adobe Flash Player официјално заминува во историјата од 2021

Со последните секунди на 2020 година завршува и поддршката на Adobe за Flash Player, софтверот што со години го користевме. Тој истовремено им задаваше и главоболки на корисниците, па затоа мораше да се тргне од патот.

Adobe Flash Player за прв пат е лансиран од 1996 година, со цел да се овозможи прегледување на мултимедиумска содржина на корисниците преку интернет, како и стримање на аудио и видео содржини. Со години беше дел од сурфањето на интернет.

Како што повеќе се фокусиравме на HTML5 технологијата, така сите почнаа да го напуштаат Flash Player. Корисниците на Windows 10 веќе нема да може да користат Flash Player од 12 јануари, 2021 година. Тоа не значи дека Flash Player и плагините едноставно ќе престанат да работат, туку на компјутерот ќе почнат да излегуваат предупредувања за Microsoft и Adobe за престанување на поддршката. Ве советуваме да го деинсталирате Flash Player од вашиот компјутер, затоа што хакерите тоа може да го злоупотребат. Со следното ажурирање на Windows 10, автоматски ќе биде отстранет Flash Player, кој беше инсталиран со пораната верзија на Windows 10. 





Прочитајте повеќе: