Xiaomi ја надмина пазарната вредност од 100 милијарди со голем раст

Објавено на 29.12.2020 во Новости



Xiaomi ја надмина пазарната вредност од 100 милијарди со голем раст

Лео Јун директорот на Xiaomi се пофали дека компанијата за прв пат ја надмина пазарната вредност од 100 милијарди долари, амбиција која беше поставена уште во 2018 година кога компанијата излезе на берза.

Тога IPO со акциите на Xiaomi не ги постигна проекциите и пазарната вредност беше покуса за десетина милијарди долари. Сепак, стабилниот раст како на кинескиот пазар така и на глобално ниво придонесе Xiaomi да ја билда својата вредност.

Xiaomi е додадена и на индексот на берзата во Хонг Конг што дополнително ги направи акциите атрактивни за инвеститорите и нивната вредност се качи за 9%.