Google сакал само позитивни коментари во истражувањата за AI

Објавено на 29.12.2020 во Новости



Google сакал само позитивни коментари во истражувањата за AI

Технолошкиот гигант Google во повеќе наврати од ангажираните истражувачи барал во нивните студии да пишуваат со позитивен тон за сите иновации поврзани со новите технологии и пред се поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Google има амбиции да биде предводник во полето на вештачката интелигенција која ги автоматизира нивните услуги и сервиси меѓу кои Google Search, Translate и Google Ads.

Импликациите од вештачката интелигенција во различни области мора да се третираат на критички начин бидејќи промените во општеството, јавната сфера, информациите и инфраструктурата не се воопшто за потценување. 

Затоа и упатствата на раководителите на Google кон тимовите на истражувачи наидоа на критики од страна на научната фела.