Познато е кога пристигнува Xiaomi Mi 11 Pro

Објавено на 29.12.2020 во Новости



Познато е кога пристигнува Xiaomi Mi 11 Pro

Xiaomi својот најмоќен премиум смартфон за првата половина на 2021 година планира да го лансира некаде на почетокот на февруари.

Според најновите информации Xiaomi Mi 11 Pro ќе биде официјално претставен на 12 февруари и рано ќе се вклучи во премиум трката на мобилни уреди, веднаш после промоцијата на Samsung Galaxy s21.

Главните адути на Xiaomi Mi 11 Pro ќе лежат во подобрениот дисплеј со 120Hz, новата камера со повеќе сензори и издржливата батерија со екстра брзо полнење.