Samsung Z Flip3 ќе има и верзија за средната класа со пониска цена

Објавено на 29.12.2020 во Новости



Samsung Z Flip3 ќе има и верзија за средната класа со пониска цена

Samsung Mobile догодина најверојатно ќе лансира и еден смартфон со екран на преклоп кој ќе биде наменет за средната класа, а со тоа и ќе се продава со пониска цена.

Samsung Z Flip3 се очекува да биде модел со процесор од Snapdragon 700 серијата, а ќе има напредни атрибути во дисплејот, камерата и батеријата.

Засега точната сума не е позната, но ќе биде значително пониска од неговите претходници кои се продаваа за цена од 1500 до 2000 долари.