Ford го критикуваат Маск дека купувањето на Tesla е компромис

Објавено на 30.12.2020 во Новости



Ford го критикуваат Маск дека купувањето на Tesla е компромис

Ford дури сега влегува на пазарот на електрични возила со својот Mustang Mach-E модел, но амбициите им се големи. Тие сакаат да им го понудат она што Илон Маск не може да го понуди со Tesla

Без разлика на тоа што компанијата на Маск доминира со пазарот на електрични возила, конкуренцијата е се поголема. Старите автомобилски компании веќе вложуваат десетици милијарди долари за електрификација. Дарен Палмер, глобалниот директор на Ford за електрични возила, во неодамнешно интервју за состојбата на пазарот на е-автомобили и доаѓањето на Mach-E на пазарот ја допре Tesla, кон која упати критики и рече дека купувањето на нивните возила е работа на компромис.

Тој вели дека вратите на Mustang Mach-E совршено се вклопуваат со каросеријата, а пластиката е иста боја како и останатите материјали, браниците не паѓаат, кровот не паѓа кога ќе се испере, а кваките не заглавуваат на студено време. Дерен се осврнува на сите овие проблеми што ги мачеа сопствениците на Tesla.

Автор: Aleksandar Stankov