Феноменот Among Us е нова светска "зараза"

Објавено на 30.12.2020 во Новости



Феноменот Among Us е нова светска "зараза"

Among Us е најнов светски феномен и според податоците на Nielsen Super Data прерасна во најиграната видео игри со активни 500 милиони играчи во месец ноември за сите платформи.

Among Us е едноставна видео игра наменета пред се за смартфон и е бесплатна за Android и iOs уште од 2018 година, но дури сега благодарение на интересот на стриминг заедницата се стекна со поголема популарност.

Оваа игра чини 5 долари за PC и нуди многу интересен концепт. Во тимот има еден член кој треба да ја саботира мисијата. Останатите играчи треба успешно да ги завршат задачите и притоа да го пронајдат натрапникот во своите редови.