Apple и стави крај на апликацијата за нелегални корона журки
Објавено на 30.12.2020 во Новости
Apple ја отстрани целосно апликацијата Vybe Together која беше специјално креирана за организирање на нелегални корона журки додека на сила се мерките кои забрануваат групирање и работа на ноќните локали.
Преку Vybe Together корисниците молеа да договорат локација на која ќе се соберат со нивното друштво, а домаќинот поединечно ги одобрува. Потоа два часа пред журката им се испраќа порака за точната локацијa.
Vybe Together беше откриена од страна на новинар на The New York Times и постепено е целосно блокирана на сите интернет канали.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.