Американците на Божиќ купувале само iPhone

Објавено на 30.12.2020 во Новости



Американците на Божиќ купувале само iPhone

Американските потрошувачи покажаа лојалност кон сопствениот бренд Apple и за време на Божиќните празници купувале како подарок само iPhone смартфони.

Според податоците од мобилните оператори за бројот на активирани смартфони се забележува дека девет од десет нови модели припаѓаат на Apple.

Тоа што помалку причини за славење има кај Apple е дека првите места ги држат пред поевтините модели од лани и пред неколку години, а кои се уште се достапни во продажба.

Од годинешните модели кои се и поскапи водат iPhone 12 Pro Max и iPhone 12. Единствен во оваа топ листа кој не е модел на Apple е смартфонот LG K30.