Редизајнираниот LG Stylo 7 5G протече со нови рендери

Објавено на 03.01.2021 во Новости



Редизајнираниот LG Stylo 7 5G протече со нови рендери

LG можеби не е најуспешниот производител на смартфони, но сепак се труди секогаш да исфрли некоја иновација со своите смартфони. Овој пат излегоа нови слики со Stylo 7 со вграден стилус.

Изгледа дека LG Stylo 7 е веднаш зад аголот со 4G LTE-технологија, но би можело да го има и во 5G-варијанта на почетокот на 2021 година. На сликите можеме да видиме целосно нов дизајн на Stylo 7 од различни извори со CAD-шематски приказ. 

LG Stylo 7 5G очигледно ќе го замени својот претходник со „дупка во дисплејот“ од предната страна. Од задната страна има тројна камера.