Како со "пеколниот" портокал ги мамат автопилотите на возилата?

Објавено на 04.01.2021 во Новости



Како со "пеколниот" портокал ги мамат автопилотите на возилата?

За поголема слава и популарност неколку јутјубери објавуваа видеа како наводно го измамуваат автопилот системот на паметните возила на Tesla создавајќи многу опасен тренд.

Автопилотот на Tesla е систем кој треба да му асистира на возачот, но во текот на целото возење човекот мора да има контрола над воланот. Дури и за кратко да заспие или да ги тргне рацете од воланот системот веднаш ќе се алармира.

За да наводно се измами системот јутјуберите наводно ставаа портокали на воланот за да се добие впечаток дека некој управува. Сепак, овој трик беше демантирам бидејќи што и да ставите на самиот волан ќе доведе до дебаланс и потенцијални фатални последици.

Исто така системите за автопилоти не се совршени и потребна е постојана интеракција од страна на возачите бидејќи сообраќајни несреќи се неизбежни и затоа овој трик го доби прекарот пеколниот портокал.