Што го предизвика рекордниот раст на Bitcoin?

Објавено на 04.01.2021 во Новости



Што го предизвика рекордниот раст на Bitcoin?

Крипто-валутата Bitcoin забележа рекорден раст во текот на 2020 година, и за прв пат ја надмина вредноста од 30.000 долари, а овој тренд продолжува и во новата година. 

Според анализите растот се должи на тоа што големите инвеститори се повеќе вложуваа во крипто-валути вклучувајќи го пред се Bitcoin во време на економска неизвесност и проблеми со кои се соочуваат централните банки за да ја одржат стабилноста поради намалената потрошувачка.

Институциите се повеќе вложуваат во Bitcoin обезбедувајќи потенцијална заштита од појава на инфлација, пад на цената на златото и нафтата, односно на стандардните хартии од вредност кога пазарот е во криза, додека пак крипто-валутата не зависи од таквите трендови.

Затоа се очекува вредноста на Bitcoin да продолжи да расте и засега плафонот е тешко да се утврди бидејќи претходните прогнози кои навестуваа негов крај не се остварија, но за волја на вистина се уште не се реализираа ни сценаријата дека Bitcoin ќе вреди 150.000 долари.