Samsung подготвува нов Chromebook со мега батерија и QLED дисплеј

Објавено на 04.01.2021 во Новости



Samsung подготвува нов Chromebook со мега батерија и QLED дисплеј

Samsung во февруари најверојатно ќе лансира нова верзија на лаптопот Chromebook специјализиран за работа со Chrome OS и екстензии за интернет алатките на Google со повеќе подобрувања во однос на неговиот претходник.

Samsung Chromebook 2 ќе има мега батерија за активна работа од повеќе од 12 часа, ќе располага со QLED дисплеј прв од ваков вид како и квалитетен хардвер соодветен за средната класа.

Исто така се очекува Samsung Chromebook 2 да биде многу поевтин со црна од околу 699 долари.