Доаѓа крајот на PlayStation 4, Sony целосно се свртува кон PlayStation 5

Објавено на 05.01.2021 во Игри



Доаѓа крајот на PlayStation 4, Sony целосно се свртува кон PlayStation 5

Кон крајот на 2020 година излезе официјално PlayStation 5, но веднаш се купија сите залихи. Побарувачката за PS5 е се уште голема во споредба со понудата и ќе биде потребно време за да се следи побарувачката. PlayStation 4 и 4 Pro се уште ги има во залиха додека да дојде новиот.

Официјално нема информации дека Sony би можел да го стопира производството на PS4 и целосно да се сврти кон PlayStation 5, но тоа дефинитивно се очекува. На Playstation.com страницата се појавија информации за модели на PlayStation што не беа достапни, објавено е дека нема планови да се продаваат повторно тие модели и потоа компанијата ги отстранила од страницата.