Фејсбук нема да има опција за лајк на фан-страниците

Објавено на 08.01.2021 во Новости



Фејсбук нема да има опција за лајк на фан-страниците

Марк Цукерберг овозможува само бројот на следбеници да се покажува во иднина на фан страниците. Со новиот редизајн Фејсбук ја отстранува опцијата за лајкување на фан-страници за познати личности и брендови. 

Главната мерна единица за популарност на Фејсбук ќе биде бројот на следбеници. „Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците, за луѓето поедноставно да се поврзуваат со своите следбеници“, соопшти Фејсбук.