Нема веќе објави од Трамп, Facebook и Instagram ги блокираа неговите профили

Објавено на 08.01.2021 во Новости



Нема веќе објави од Трамп, Facebook и Instagram ги блокираа неговите профили

Американскиот претседател Доналд Трамп остана без главните комуникациски канали, кои ги користеше минативе години. Социјалните мрежи му ги блокираа профилите поради неточните информации и видеата со насилство, што постојано ги објавуваше.

Првично беше објавено дека блокадата е само привремена оти ги прекршил правилата за користење на социјалните мрежи, но тоа сега се претворило во конечна блокада. Така шефот на Facebook, Марк Цукерберг, објави дека Трамп на Facebook и Instagram ќе остане блокиран до крајот на неговиот претседателски мандат. Twitter исто така го блокираше.