Џеф Безос веќе не е најбогат човек на светот!?

Објавено на 08.01.2021 во Новости



Џеф Безос веќе не е најбогат човек на светот!?

Сопственикот на Amazon и Blue Origin, Џеф Безос, речиси 4 години беше најбогат човек во светот, но веќе не. Ексцентричниот претприемач и вљубеникот во вселенските патувања, Илон Маск, го симна од тронот.

Се проценува дека богатството на Маск надмина 185 милијарди долари откако акциите на Tesla скокнаа значително. Пазарната вредност на компанијата надмина 700 милијарди долари. Tesla моментално повеќе вреди до Toyota, Volkswagen, Hyundai, GM и Ford - заедно.

„Многу чудно. Па, да се вратиме на работата“, изјави Маск на Twitter, за оваа вест. Тој уште од порано зборуваше дека богатството не му значи ништо.

Автор: Aleksandar Stankov