Криптовалутите ја надминаа вредноста од 1 билион долари

Објавено на 08.01.2021 во Новости



Криптовалутите ја надминаа вредноста од 1 билион долари

Криптовалутите се новото злато односно службат се повеќе за балансирање на инвестициските портфолија како алтернатива на хартиите од вредност и скапоцените метали.

За помалку од една недела биткоинот повторно сруши нова граница, овој пат достигна вредност од 40.000 американски долари или за 10 илјади повеќе од пред само неколку дена. Тој раст ги повлече нагоре и останатите крипто валути.

Вкупната процената вредност на сите криптовалути во оптек сега се проценува на над 1 билион американски долари или илјада милијарди. Од нив околу 70% му припаѓаат на биткоинот, а учеството на останатите помали криптовалути е се уште далеку за доближување до водечката крипто валута.