Apple спрема новитети за 2021: Уред за проширена реалност и AirTags

Објавено на 08.01.2021 во Новости



Apple спрема новитети за 2021: Уред за проширена реалност и AirTags

Освен класичната надградба на мобилни уреди и компјутери што ги очекуваме секоја година, Apple спремил и два целосно нови уреди, тврди Минг-Чи Куо. Ќе има мал уред сличен на Tile - AirTags, кој безжично се поврзува со iPhone и може да се постави на клучевите, паричникот, чантата, итн.

АКо не можете да ги пронајдете своите клучеви, доволно е да ја погледнете апликацијата на телефонот и да допрете со прстот на иконката на уредот, на кој е поставен AirTags. Со тоа ќе се активира звучниот сигнал благодарение на кој лесно ќе се пронајде изгубениот уред. Планирани се нови модели на iPhone, Apple Watch, AirPods и iPad, а ќе има и iPad со Mini-LED екрани.