Преку Google Phone автоматски сите повици од непознати броеви ќе се снимаат

Објавено на 09.01.2021 во Новости



Преку Google Phone автоматски сите повици од непознати броеви ќе се снимаат

Google веќе има подготвена верзија на Phone апликацијата преку која ќе може корисникот автоматски да ги снима сите телефонски повици од броеви кои се анонимни или пак не се зачувани во листата на контакти.

Во принцип снимањето на телефонските повици е автоматски овозможено за Pixel моделите на Google и одредени смартфони кои ја прифатија Google Phone апликацијата. 

Досега и двете страни на разговорот добиваа сигнал дека разговорот ќе биде снимен. Сите снимени разговори се чуваат само на смартфонот на корисникот во локалната меморија, па ќе се види дали оваа нова функција ќе стане дел и од официјалната верзија на Google Phone.