Twitter целосно го блокираше Трамп од сите профили

Објавено на 09.01.2021 во Новости



Twitter целосно го блокираше Трамп од сите профили

Twitter влезе во војна со претседателот на заминување Доналд Трамп и ги блокираше сите профили од кои тој имаше пристап за објава на твитови.

Трамп се соочи и со блокада на профилите на Белата куќа и Канцеларијата на претседателот на САД кои ги искористи за жестоки критики кон социјалната мрежа откако неговиот профил @realdonaldtrump беше целосно суспендиран.

Од Twitter посочуваат дека објавите на Доналд Трамп се блокира поради неговите тврдења дека претседателските избори биле фалсификувани и биле украдени гласови.

Поддржувачите на Трамп упаднаа во зградата на американскиот Конгрес во обид да извршат притисок врз народните избраници да не ги потврдат изборните резултати и формално да го прогласат Бајден за иден претседател на САД.