Богатството на Илон Маск би можело да достигне трилион долари

Објавено на 09.01.2021 во Новости



Богатството на Илон Маск би можело да достигне трилион долари

Пред неколку години Илон Маск беше на работ на пропаст, готов да потпише банкрот, но ете сега, еве го, прогласен е за најбогат човек во светот. Иако е тешко да се прогнозира иднината, познатиот инвеститор и милијардер Шамат Палихапити, верува дека акциите на Tesla во иднина само ќе растат и ги советувал инвеститорите да ги поддржат Маск и Tesla

Палихапити во интервју за американските медиуми прашал кој сака да се обложи против Маск, кој константно се докажуваше како еден од најважните бизнисмени на светот. Нагласи дека токму Илон Маск во иднина би можел да стане првиот светски трилијардер.