Земјата се врти побрзо, 2021 ќе биде пократка година

Објавено на 10.01.2021 во Новости



Земјата се врти побрзо, 2021 ќе биде пократка година

Научниците откриваат дека Земјата се движи побрзо од кога и да е во последните 50 години. Доколку продолжи со вакво темпо, ќе мора да се додаде „негативна скок секунда“ на атомските часовници во 2022 година.

Многу нешта влијаат врз брзината на ротација на Земјата - движењето на стопеното јадро, океанот, промените во атмосферата и др. Ако продолжи вака, должината на денот во 2021 година може да биде за 0,05 милисекунди пократка од 86.400 секунди, што е еднакво на 24 часа, тврдат астрофизичарот Греам Џонс и Констант Бајкос. Точното време се мери според положбата на ѕвездите на небото. Така се одредува и должината на денот, т.е. колку време трае ротацијата на Земјата.