Facebook ги засилува монополот со WhatsApp кој нема да ви се допадне

Објавено на 10.01.2021 во Новости



Facebook ги засилува монополот со WhatsApp кој нема да ви се допадне

Facebook ќе го засили монополот кој го поседува преку апликацијата WhatsApp во обид да ги спои во една сите три платформи вклучувајќи ги Messenger и Instagram Direct.

На почетокот на февруари корисниците ќе бидат принудени да прифатат нивните податоци да бидат споделувани со Facebook што сигурно нема да им се допадне на многумина, па затоа веќе започна бришењето на апликацијата од страна на бројни корисници.

WhatsApp беше една од најбезбедните апликации со целосна енкрипција и заштита на приватноста на податоците, па со оглед на историјата на Facebook и бројните злоупотреби тоа е доведено во опасност.

Корисниците веќе бараат соодветни алтернативи со енкрипција на разговорите, а една од подобрите апликации е Signal.