На врвот на популарноста, Apple, Google и Amazon го исфрлаат Parler од интернет

Објавено на 11.01.2021 во Новости



На врвот на популарноста, Apple, Google и Amazon го исфрлаат Parler од интернет

Големите технолошки компании Amazon, Apple и Google ја прекинаа врската со социјалната мрежа што е омилена на Доналд Трамп, заканувајќи и се дека ќе ја исфрлат од интернет во моментот кога нејзината популарност ќе порасне.

Трите големи компании ја обвинуваат платформата дека и понатаму пренесува пораки со коишто се поттикнува насилство, после нападите на претседателските приврзаници на Capitol во средата. Ако Parler до понеделник до 9 часот не пронајде друг провајдер на хостинг, неговата мрежна станица веќе нема да може да функционира, затоа што Amazon ќе престане да му ги пружа своите услуги.

Причината за сето тоа е што Parler во саботата беше најпреземана апликација во САД на платформата на Apple, после одлуката на Twitter за трајно исклучување на профилот на Доналд Трамп. 

Автор: Aleksandar Stankov