Amazon: Parler е офлајн од 10 јануари, во 23:59 часот

Објавено на 11.01.2021 во Новости



Amazon: Parler е офлајн од 10 јануари, во 23:59 часот

Parler ќе биде офлајн цела недела, откако Amazon го исклучи од своите сервери од синоќа, конкретно на 10 јануари, во 23:59 часот. Претходно пишувавме дека апликацијата Parler почна да ја користи Доналд Трамп, па затоа Amazon веднаш реагираше и го прекина хостингот на социјалната мрежа.

Откако Facebook, Instagram, Twitter, го исклучија Доналд Трамп од своите мрежи перманентно, Amazon по итна постапка го прекина хостингот на Parler, со образложение дека „не може да обезбеди услуги на клиент што не е во состојба ефикасно да идентификува и отстрани содржина што охрабрува или поттикнува насилство врз другите“.

„Бидејќи Parler не може да ги почитува нашите услови за услуга и претставува навистина реален ризик за јавната безбедност, ние ќе ја суспендираме сметката на Parler, што е во сила од недела, 10 јануари, во 23:59 часот“, рече претставник од Amazon. Apple и Google исто така ја отстранија апликацијата од AppStore и PlayStore